Полицијата во сојузната држава Тексас, се обидува да го идентификува одговорниот за поставување бомби во пакети во Остин, при што загинаа кои убија двајца Афро-Американци и повредија една жена од јужноамериканско потекло.
Полицијата вели дека се бараат врски меѓу жртвите и не ја отфрлаат можноста за криминал од омраза.
Една од бомбите уби 17-годишното момче во понеделникот, а втората бомба ранила 75-годишна жена.
На 2-ри март, од друг пакет со бомба, загинал 39-годишен Афро-Американец.
Полицијата соопшти дека жртвите ги пронашле пакетите пред нивните врати, а експлодирале кога ги внеле внатре.
Луѓето во и околу Остин се повикани да не ги допираат, преместуваат или внесуваат внатре сомнителните пакети.
Facebook Forum