Претставници од Католичката црква во Тексас објавија имиња на околу 300 свештеници и други лица кои се обвинети за сексуална злоупотреба на илјадници деца.
Кардиналот Даниел Диндордо од епархијата на Галвестон - Хјустон вели дека имињата биле објавени „затоа што тоа е правично и им нуди надеж и опоравување на жртвите.“
Не беше наведено дали некој од наведените свештеници ќе се соочи со судски обвиненија.
Некои од имиња на листата се од 1940-тите години, и многумина веќе се мртви.
Листата е последна од неколкуте скандали во кои се вклучени католички свештеници.
Во август, големата прота од Пенсилванија објави извештај со детали за злоупотребата на илјадници деца од повеќе од 300 свештеници во период од седум децении.
Ватикан месецов одржува самит за црковните лидери за сексуалната злоупотреба во католичката црква и да се воспостават протоколи во црковната хиерархија.
Facebook Forum