Линкови за пристапност

Вооружен напад во црква во Тексас


Две лица се мртви, а трето e критично повредено откако вооружено лице отвори оган вчера за време на богослужба во црква во близина на Форт Ворт, Тексас.

Началникот на полицијата изјави дека верници на Христовата црква го застрелале вооружениот напаѓач откако тој успеал да застрела еден вработен во парохијата и да рани уште едно лице.

Богослужбата се пренесуваше и на YouTube во живо, така што можеше да се види и пукањето.

„Местата за богослужба се наменети да бидат свети и јас сум благодарен на членовите на црквата кои дејствуваа брзо за да го елиминираат напаѓаџот и да помогнат да се спречи понатамошно губење на животи“, напиша гувернерот на Тексас, Грег Абот, во порака на Твитер, упатувајќи сочувство до семејствата на жртвите.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG