Линкови за пристапност

Пропуст со проблематичното досие на напаѓачот од Тексас


Податоците за семејно насилство и непримерно однесување не биле внесени во федералната база на податоци

Американските воздухопловни сили истражуваат зошто обвинението за семејно насилство и непримерно однесување за време на службата на напаѓачот во црквата во Тексас, Девин Кели, не биле правилно внесени во базата на податоци на Федералното истражно биро (ФБИ).

Ако Кели не бил во можност легално да купи оружје, трагедијата од неделата во малиот град Сатерленд Спрингс каде тој уби 26 лица можела да биде спречена.

Воздухопловните сили наредија ревизија и рекоа дека ќе осигурат дека сите вакви случаи ќе бидат пријавени.

Во Сатерленд Спрингс, Тексас, во понеделникот вечерта се одржа бдение за жртвите.

Фримен Мартин, претставник за јавна безбедност во Тексас, рече дека 10-те повредени лица се во критична состојба, од кои четворица во сериозна.

Како мотив зад убиствата се наведува домашен спор со родителите на неговата сопруга.

На Кели му се спротивставил сосед, кој исто така бил вооружен. Кели избегал од местото на настанот, а соседот започнал потрага по него, во која се придружила и полицијата.

Потоа Кели направил сообраќајка и самиот се застрелал. Властите рекоа дека имал уште две прострелни рани од неговиот сосед.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG