Линкови за пристапност

Американскиот Оддел за правда бара забрана на законот за абортус на Тексас


Американскиот Оддел за правда поднесе претставка до федерален судија барајќи блокирање на Тексас во намерата за спроведување на новиот закон што забранува секаков абортус во државата.

Во документ од 45 страници поднесен доцна во вторникот,Одделот за правда тврди дека новиот закон е така конципиран да ги. спречи жените да го применат своето уставно право да имаат абортус.

Ова е втора легална акција што администрацијата на Бајден ја презеде против Тексас во врска со новиот закон, откако претходно поднесе жалба цитирајќи ги истите законски основи.

Новиот закон, што влезе во сила на 1. септември забранува абортус по шестата недела на бременост, за што противниците велат дека е време кога жените често не се свесни за бременоста, без исклучоци за бременост што резултирала од силување или инцест.

Тексас е меѓу десетина други главно републикански сојузни држави кои донеле таканаречени закони „за чукање на срцето“, за забрана на процедурата за абортус ако е детектирано срцев импулс на фетусот, што е обично на шестата недела, и понекогаш и пред жената да биде свесна дека е бремена.

Судовите во минатото ги блокираа таквите забрани, велејќи дека не се во с огласност со одлуката на Врховниот суд од 1973 „Ро против Вејд“, што на жените им дава уставно право на абортус без претерано мешање на владата.

Законот за абортус на Тексас е необичен во смисла на тоа дека на приватни граѓани им дава моќ да го спроведат со тоа што им дозволува да ги судат обезбедувачите на процедурата и секој друг што помага абортус пo шестата недела. Победниците во тие судски постапки ќе добијат најмалку 10.000 долари.

Врховниот суд одби да го блокира Тексас во имплементацијата на новиот закон против абортус во одлука 5-спрема-4 порано месецов, што ги налути поддржувачите на „Ро против Вејд“ вклучително и претседателот Бајден, кои предупредија дека „комплетни странци имаат моќ да се мешаат во приватни здравствени одлуки со кои се соочуваат жените“.

XS
SM
MD
LG