Во четврток навечер Врховниот суд го запре извршувањето на смртната казна за 48-годишниот Дуан Бак. Адвокатите тврдеа дека тој бил неправедно осуден зашто психологот кој сведочел за време на сослушувањето по повод изрекувањето на казната рекол дека црнците вообичаено се поголема идна опасност.
Бак е осуден за убиство на две лица во 1995, и ранување на трето. Неговите адвокати не тврдат дека е невин, туку дека сослушувањето било обоено со расизам.