Линкови за пристапност

Убиството во Тексас е ментален проблем од највиско ниво


Претседателот го осуди убиецот, кој пукаше во црква на педесет километри од Сан Антонио, при што уби 26 лица, а повреди најмалку давесетина

Претседателот Доналд Трамп вели дека вчерашното масовно убиство во црква во Тексас, при што беа убиени 26 лица, а повредени најмалку 20-тина, не е ситуација со оружје, туку проблем со менталното здравје, од највисоко ниво.

„Ова е многу, многу тажен момент“, рече Трамп, следејќи ја ситуацијата од Јапонија, неговата прва станица во азиската турнеја.

Жртвите се на возраст меѓу 5 и 72 години. Убиецот е мртов, и засега нема информации за мотивот за убиството.

Претходно, Трамп го нарече убиството акт на злосторство, и нареди знамињата на федералните згради да бидат спуштени на половина копје.

„Не можеме да објасниме со зборови каква болка и тага чувствуваме, ниту можеме да замислиме низ што поминуваат лицата, кои изгубиле блиски луѓе во оваа трагедија. Нашите срца се скршени“, рече Трамп.

​Гувернерот на Тексас, Грег Абот, изјави дека ова е најстрашното масовно убиство во историјата на сојузната држава, велејќи дека недостасуваат многу елементи за да се реши оваа ситуација.

Според Фримен Мартин од Јавната безбедност на Тексас, убиецот, подоцна идентификуван како Девин Кели, бил белец, облечен во црно, со панцир на себе.

Тој прво пукал пред Првата Баптистичка Црква, а потоа влегол внатре, каде го продолжил нападот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG