Линкови за пристапност

Проверете сами дали имате проблеми со помнењето


Бесплатен тест за утврдување на когнитивни промени кај постарите лица.

Ново истражување потврдува дека тест што можете сами да го направите, и тоа само со лист и пенкало, е корисно помагало за утврдување на евентуални промени во помнењето и мислењето кај постарите лица.

Тестовите што ја оценуваат когнитивната способност не се нова работа. Но, Даглас Шар, кој раководи со Центарот против нарушување на помнењето при Универзитетот на Охајо, вели дека поголемиот број од нив треба да ги спроведе стручно лице, така што може да бидат скапи. Од друга страна, одредени луѓе не се чувствуваат комотно кога им се поставуваат прашања лице-в-лице, а особено кога, можеби, не го знаат одговорот.

„Поентата на тестот што можете сами да го направите е побрза идентификација на оние кои имаат проблеми со помнењето, со што поскоро би добиле лекарски третман“, вели Шар.

Се` што е потребно за тестот наречен СЕЈЏ (кратенка од Самонаправена герокогнитивна проверка) е пенкало и формуларот на четири страници што содржи едноставни прашања, дизајнирани да оценат бројни функции на мозокот.

„Не ви треба повеќе од 15 минути“, вели Шар.

Според Шар, тестот открива евентуални когнитивни проблеми меѓу постарите лица, но, сепак, не е тест за дијагностицирање на Алцхајмеровата болест или некој друг конкретен проблем.

„На извесен начин, само мери како размислувате“, наведува Шар.

Тестот е бесплатен, и, покрај англиски, почнал да се изработува и на други јазици.
XS
SM
MD
LG