Федералните истражителите побарале од производителот на електрични автомобили „Тесла моторс“ детали за нивниот самоуправувачки ситем, по фаталната сообраќајна несреќа во Флорида, на почетокот на годинава, што се случила додека системот бил во употреба.
Во писмо објавено во вторникот, Националната администрација за безбедност на сообраќајот на патиштата бара податоци за сите несреќи поврзани со потфрлањето на самоуправувачкиот систем на автомобилите на Тесла.
Резултатите од истрагата се очекуваат за неколку месеци.