Тесла денеска соопшти дека својата прва фабрика надвор од САД, ќе ја гради во Шангај.
Со тоа, компанијата ќе биде првиот целосно странски производител на автомобили во Кина и се случува откако оваа земја во април годинава, вети дека ќе ги укине условите со кои, странски авто-производители би воделе бизнис со локалните партнери.
Компанијата најави дека изградбата на погонот ќе започне наскоро, а производниот процес, за две до три години. Се предвидува фабриката годишно да произведува околу 500.000 возила.
Извршниот директор на Тесла Елон Маск, денеска беше во посета на Шангај, а тамошната влада соопшти дека не само што го поздравува планот за новата фабрика, туку и истражувањето и развојот. Кина со години се обидува да привлече поголем талент и инвестиции во напредната технологија за електрични возила.
Продажбата на електрични патнички возила во Кина, минатата година се зголеми за 82 процента, на речиси 470.000 автомобили, што е двојно повеќе од продадени возила во САД.
Facebook Forum