Француските власти привеле 23 лица во полициски рации низ државата по петочните напади во Париз, а властите велат дека го идентификувале осомничениот осмислувач на нападите.
Белгиски државјанин од мароканско потекло Абделхамид Абауд е именуван како можен главен заговарач на нападите кои убија 129 луѓе. Белгиските власти го барале Абауд порано годинава за неуспешен терористички напад врз полицијата.
Во Франција, министерот за внатрешни работи во понеделник кажа дека преку ноќта биле изведени 170 полициски рации. Како дополнение на приведените, повеќе од 100 лица биле ставени во куќен притвор.
Во неделата, француски борбени авиони лансирале масивни воздушни напади на цели на Исламската држава во градот Рака во Сирија, уништувајќи командна постојка и камп за тренинг.