Линкови за пристапност

Двајца мртви во нападот со нож во Лондон


Оние што сакаат да не` нападнат нема да успеат, рече градоначалникот на Лондон Садик Кан

Две лица загинаа при нападот со нож во Лондон, соопшти полицијата.

Градоначалникот Садик Кан го осуди нападот на Лондонскиот мост, и ги потврди извештаите дека неколку лица се повредени при инцидентот.

„Оние што сакаат да не` нападнат и поделат никогаш нема да успеат“, изјави Кан, поздравувајќи ја храброста на граѓаните кои му се спротивставиле на напаѓачот.

Полицијата претходно соопшти дека го убила лицето осомничено за нападот, кој се смета за терористички напад.

Оттаму изјавија дека напаѓачот носел нож и експлозивен елек.

Полицијата изјави дека реагира претпазливо, додека Лондонската брза помош, нагласи дека се работи за тежок инцидент.

Премиерот Борис Џонсон напиша на Твитер дека ја следи ситуацијата.

Белата куќа излезе со соопштение во кое остро се осудува насилството, нагласувајќи дека претседателот Доналд Трамп бил известен и оти се следи состојбата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG