Линкови за пристапност

Американец планирал бомбашки напад на вашингтонското метро

Американец од пакистанско потекло е уапсен по обвинение дека планирал бомбашки напад на станици на подземната железница близу Вашингтон. Белата куќа вели дека тој е обвинет и за споделување на информации со луѓе за кои се верува дека се поврзани со ал-Каида.

Претставници на американскиот Оддел за правда велат дека 34-годишниот Фарук Ахмед ги сликал метро станиците во областа на Вашингтон од април и планирал повеќекратни бомбашки напади.

Тој беше уапсен во среда по обвиненија за планирање терористички напад на објект за транзит и обид да даде материјална поддршка на терористичка организација.

Портпарол на Белата куќа Роберт Гибс вели дека јавната безбедност никогаш не била во опасност, зашто федерални истражители внимателно ги следеле активностите на човекот.

„Ова е уште еден важен пример за работата на ФБИ, и нашиот национален безбедносен тим, да ја чуваат земјата безбедна. Тие групи ја имаа контролата во овој случај и во ниеден момент јавноста не беше загрозена“, рече Гибс.

Гибс рече дека претседателот Барак Обама бил запознаен со случајот пред да се случи апсењето.

Обвинението вели дека Ахмед учествувал во набљудување и снимање видео материјал на станиците на подземната железница во Арлингтон, Вирџинија, во четири наврати. Арлингтон е дом на Пентагон и Националните гробишта.

Ахмед исто така е обвинет за средби со луѓе за кои се верува дека имаат врски со ал-Каида и за давање информации на нив за набљудувањето што го вршел.

Ахмед е роден во Пакистан и е натурализиран американски државјанин.

Ако биде осуден,тој се соочува со максимална казна од 50 години затвор.

Претставници на американскиот Оддел за правда велат дека 34-годишниот Фарук Ахмед ги сликал метро станиците во областа на Вашингтон од април и планирал повеќекратни бомбашки напади.

Тој беше уапсен во среда по обвиненија за планирање терористички напад на објект за транзит и обид да даде материјална поддршка на терористичка организација.

Портпарол на Белата куќа Роберт Гибс вели дека јавната безбедност никогаш не била во опасност, зашто федерални истражители внимателно ги следеле активностите на човекот.

„ Ова е уште еден важен пример за работата на ФБИ, и нашиот национален безбедносен тим, да ја чуваат земјата безбедна. Тие групи ја имаа контролата во овој случај и во ниеден момент јавноста не беше загрозена“, рече Гибс.

XS
SM
MD
LG