Линкови за пристапност

Франција уапси 12 лица во анти-терористичка акција


Франција уапси 12 лица во анти-терористичка акција
Франција уапси 12 лица во анти-терористичка акција

Апсењата доаѓаат во време кога Британија, САД, Јапонија и Шведска јавно ги предупредија нивните државјани за можни терористички напади во Европа.

Полицијата во вторник наутро привела девет лица со оружје и муниција во близина на јужниот пристанишен град Марсеј и близу Авињон.

Други тројца, поврзани со човекот од алжирско потекло фатен во Италија со материјал за правење бомба, биле уапсени во близина на Марсеј и Бордо.

Тројцата се осомничени за обезбедување лажни документи за милитанти кои се обидувала да се вратат во Франција по обука во Авганистан.

Официјални лица велат дека двете безбедносни операции не биле поврзани.

Апсењата доаѓаат во време кога Британија, САД, Јапонија и Шведска јавно ги предупредија нивните државјани за можни терористички напади во Европа.

XS
SM
MD
LG