Американскиот Стејт департмент вели дека ал-Каида во Пакистан останала во 2009 најзастрашувачка терористичка организација која цели на САД.
Во годишниот извештај за тероризам објавен во четврток, Стејт Департмент вели дека американската разузнавачка заедница утврдила дека ал-Каида активно се ангажирала во оперативно правење заговор против САД и продолжила со регрутирање, обучување и распоредување на оперативци, вклучително и поединци од Западна Европа и Северна Америка.
Извештајот вели дека ал-Каида продолжила да се обидува да ги шири своите оперативни способности со соработка со други терористички групи. Но, се вели дека терористичката мрежа претрпела „значителен удар“ минатата година, вклучувајќи ги и оперативните проблеми и опозиција од муслиманска популација.
Но Стејт департмент вели дека обидениот бомбашки напад од 25 декември на американски авион покажува дека гранката на ал-Каида од Јемен развила „не само желба туку и способност“ да лансира напад против САД.
Извештајот вели дека имало зголемен број случаи на Американци кои станале оперативци за странски терористички организации или поддржувачи на насилен екстремизам.
Извештајот вели дека ал-Каида продолжила да се шири и соработува со други терористички групи.