Линкови за пристапност

И Северна Македонија мора да остане будна по прашањето на тероризмот


И Северна Македонија мора да остане будна по прашањето на тероризмот
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:46 0:00

Институтот за мир на САД препорачува владите да бидат поинклузивни, да испорачуваат услуги за граѓаните и да демонстрираaт некорумпирано управување

Tерористички борци од Балканот, вклучително и од Северна Македонија, во ваква атмосфера се борат на страната на терористичката организација Исламска држава.

Наша препорака до владите е да бидат поинклузивни, да испорачуваат услуги за граѓаните и да демонстрираaт некорумпирано управување со државата, да бидат потранспарентни, да ги поддржат жените и младите. За земји како Македонија и пошироко, би рекол дека тоа е формулата за постабилна, посигурна и просперитетна иднина.
Стивен Хедли, Институт за мир на САД

Ова е показател дека и Република Северна Македонија мора да остане будна во однос на прашањето на тероризмот. Дел од овие борци се веќе лишени од слобода и предадени на македонските власти, но заканата останува, посебно кога ќе се земе предвид регионалното опкружување на земјите од Западен Балкан, како и мигрантските рути кои минуваат токму од тука.

Институтот за мир на САД излезе со препораки за превенција на тероризмот во т.н. кревки држави каде условите овозможуваат идеологијата на екстремизмот да се шири. Со други зборови таму каде има демократија и добро управување со државата, тероризмот многу потешко може да фати корени.

Иако извештајот на Институтот за мир подетално се фокусира на државите од Блискиот исток, Рогот на Африка и Сахел, препораките за заштита од екстремизам важат и за балканските земји.

„Наша препорака до владите е да бидат поинклузивни, да испорачуваат услуги за граѓаните и да демонстрираaт некорумпирано управување со државата, да бидат потранспарентни, да ги поддржат жените и младите..За земји како Македонија и пошироко, би рекол дека тоа е формулата за постабилна, посигурна и просперитетна иднина. Ги поттикнуваме државите да се движат во таа насока. И се надеваме луѓето во Македонија кои се незадоволни, тоа незадоволство да го мобилизираат во правец да ја туркаат владата во таа насока“, вели Стивен Хедли од Институтот за мир на САД.

На 15 февруари, МВР соопшти дека бил осуетен планиран терористички напад во Македонија на поддржувачи на ИСИС. Истовремено, американската амбасада во Северна Македонија предупреди на зголемен ризик од терористички напади.

Дополнителен предизвик во македонското опкружување е Косово. Двајца борци на ИСИС и 74 деца заедно со 32 жени, сите косовски државјани, неодамна со големи мерки на безбедност беа вратени на Косово. Се проценува дека во Сирија има уште 30 борци со косовско државјанство и 49 жени и 8 деца.

Странските терористички борци треба да бидат вратени во земјите од каде потекнуваат, да одговараат пред законите, а потоа да се ресоцијализираат, велат од американскиот Стејт департмент, но посочуваат дека државите кои имаат ваква обврска, не ги оставаат сами, туку им помагаат на повеќе начини.

„На Балканот имаме регионални правни советници кои директно работат со владите, со обвинителите и судиите. Во рамките на Глобалната мрежа за сузбивање на тероризмот соработуваме со Косово споделувајќи ги најдобрите практики. Значи не велиме едноставно: Земете си ги вашите борци и да заборавиме на тоа, туку учествуваме во напорите за реинтеграција и дерадикализација на странските борци“, вели Алина Романовски од Стејт департментот на САД.

Целта на стратегијата на која работи Институтот за мир на САД не е само да се спречат терористите во нивните дејствија, туку воопшто да се надминат условите кои што овозможуваат терористичките организации да се шират и да регрутираат нови приврзаници.

„Ги мониторираме конфликтите и нестабилноста во различни делови од светот. Сакаме да ги употребиме овие податоци за систем за рано предупредување, а потоа таа аналитика ќе ја предадеме на нашите креатори на политики“, вели Денис Натали, Стејт департмент на САД.

Од Институтот за мир нагласуваат дека ваквата стратегија треба да спаси многу животи во иднина.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG