Линкови за пристапност

Терапевтско куче за опуштање на патниците пред стресот на летање е успешна иницијатива на групацијата ТАВ Македонија


Дино - зен куче на Меѓународниот аеродром во Скопје.
Дино - зен куче на Меѓународниот аеродром во Скопје.

На аеродрoмите низ светот не е необично да се видат дресирани кучиња кои им помагаат на полицајците во спроведувањето на законот за различни цели: од приведување на осомничени, откривање на кривични дела, па до спасување и рутинско пребарување. Но, Дино нема таков „опис на работното место“. Овој влакнест миленик е во служба на Меѓународниот аеродром во Скопје во сосема друга улога: да ги развеселува патниците, особено оние кои се нервозни пред нивниот лет.

Дино носи „зен“ за патниците пред нивниот лет
please wait

No media source currently available

0:00 0:04:09 0:00

Неговата дресерка, Весна Кисковска, нии кажа дека овој е весел и дружељубив златен ретривер, пред четири години бил роден во Тетово, а сега живее во Скопје - поблиску до оние на кои им треба олеснување на стресот на патување со авион.

„Главната задача на Дино е да ги релаксира патниците кои што чекаат за својот лет. Значи, знаеме дека патниците доаѓаат, ги поминуваат сите контроли, додека ги поминуваат тие контроли нормално не им е веројатно пријатно на сите и потоа доаѓаат кај гејтовите кога си го чекаат својот лет и тука настапува задачата на Дино“, вели Весна Кисковска, дресерка на кучето Дино.

Генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт вели дека за групацијата што раководи со аеродромот задоволството на патниците кои минуваат низ аеродромските протоколи е важно.

Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија
Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија

„Наидовме на оваа опција за обезбедување како нешто сосема поразлично. Онаму каде што се вклучени повеќе емоции, во истражувањето за мерење на среќата и удобноста на патниците, идејата во суштина дојде од тој дел каде што имавме можност да го ангажираме зен кучето Дино. На крајот на денот испадна многу убаво. И имаме неверојатен фидбек од сите патници. Меѓу сите наши 15 аеродроми што ги оперираме во осум држави, ние сме првите што го имплементиравме ова“, изјави генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт.

Курт вели дека стресот кај патниците постои уште од самото доаѓање на аеродромот, се зголемува со процесот на пријавување и безбедносната проверка, и трае се до излезот кон авион – местото каде што настапува Дино.

„Завршувајќи ја пасошката контрола и безбедносната проверка, патникот се чувствува малку посмирен. Се враќа на себе и тоа е местото каде што го ангажираме нашето зен куче Дино. Во суштина тоа е местото каде што патникот е најудобен“, рече Курт.

Кисковска вели дека голем дел од патниците на скопскиот аеродром сакаат да се дружат со Дино и самите му пристапуваат.

Весна Кисковска, дресерка на кучето Дино
Весна Кисковска, дресерка на кучето Дино

„Кога се бираше куче соодветно за оваа задача, нормално се бира куче кое што треба да има соодветни карактеристики. Прво, да е пријатно на изглед како што е Дино, постојано насмеан и весел и нормално да има карактер соодветен за оваа задача. Треба да е дружељубив, треба да е пријатен и со познати и со непознати и внимателен со постари и со помали бебиња и мали деца. И, нормално, треба да е социјализиран и дресиран“, истакнува Кисковска.

Дино ги помина сите тестови и влезе во елитната група на кучиња кои се ангажирани на аеродромите.

Минатата година меѓународниот аеродром во Филаделфија ангажираше 23 кучиња за да ги забавуваат патниците кои имаат доцнење во летовите или откажани летови. Од земјите во регионот, четириножни крзнени терапевти има на аеродромот во Истанбул, меѓу кои овие две – Куки и Алита – кои се сертифицирани кучиња за намалување на вознемиреност кај патниците.

И тие што знаат и тие што претходно не знаеле за нив, подеднакво уживаат во нивното присуство.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG