Линкови за пристапност

Теории на заговор го преплавија онлајн просторот после пукањето врз Трамп


Тајната служба го извлекува републиканскиот претседателски кандидат, Доналд Трамп од говорницата каде што беше мета на атентатор, во Батлер, Пенсилванија, 13 јули.
Тајната служба го извлекува републиканскиот претседателски кандидат, Доналд Трамп од говорницата каде што беше мета на атентатор, во Батлер, Пенсилванија, 13 јули.

По обидот за атентат на поранешниот претседател Доналд Трамп, медиумите работат на проверка на деталите за нападот и на борба против лажните информации кои брзо се шират. Експертите за етика, исто така, гледаат како се пренесува нападот. Известуваат Лиам Скот и Кристина Каиседо Смит.

Фотографијата после пукањето врз републиканскиот претседателски кандидат, Доналд Трамп, ја виде целиот свет. Направена од пензионираниот фоторепортер на Асошиетед прес, Еван Вучи, фотографијата гo доловува непосредниот момент по обидот за убиство на Трамп на предизборен митинг.

„Тоа беше нормален митинг. Сум следел такви настани стотина пати. Но, тогаш преку моето лево рамо, слушнав неколку звуци и веднаш знаев дека е пукање”, раскажува Вучи.

Вучи е еден од десетиците фоторепортери кои известуваа за митингот од Батлер, Пенсилванија. Во инцидентот загина еден случаен посетител, а Трамп и други беа повредени.

Фотографиите од тој ден некои американски медиуми ги опишуваат како монументални. Но, експертите за етика гледаат како во поларизирано време медиумите и другите го користат покривањето на нападот.

Медиумите треба да се држат до фактите и да ја раскажат приказната доследно, без преувеличувања
Субраманиан Винсент, експерт за етика во медиумите

„Медиумите треба да се држат на фактите и да ја раскажат целата приказна онака како што е. Не да се преувеличува. Не да се додадава огорченост во насловот”, објаснува Субраманиан Винсент, експерт за етика во медиумите.

Винсент вели дека прикажувањето на овој момент ќе игра улога во политичкиот дискурс.

„Вистинската етика навлегува во толкувањето каде е фотографијата и што претставува таа во наративот за американската култура, политика, оружје, насилство”, вели Винсент.

За фоторепортерот Вучи, негов приоритет било документирање на настаните што се одвиваат пред него.

„Знаев дека ова е момент во американската историја што мора да се документира. Наша работа како новинари е да го правиме тоа”, вели Вучи.

Електронски билборд ја прикажува фотографијата од Трамп после пукањето врз него
Електронски билборд ја прикажува фотографијата од Трамп после пукањето врз него

Во часовите по пукањето, споменувањата на името на Трамп на социјалните мрежи забележа вртоглав пораст, велат сајбер аналитичарите од Пикметрикс (PeakMetrics). Повеќето објави беа сочувствителни, но помал процент шират дезинформации и теории на заговор.

Тоа вклучува неосновани тврдења дека политичките партии од која било страна се одговорни.
Аналитичарите велат дека ова е местото каде што медиумите имаат важна улога во одвојувањето на фактите од фикцијата.

„Нема докази за ниту една од овие теории на заговор, но тие се одраз на видот на тврдењата што се шират во оваа многу поларизирана, емоционална клима веднаш по обидот за атентат”, вели Давид Клепер, репортер од Асошиејтед прес.

Трамп се врати во јавноста на републиканската национална конвенција во Милвоки, каде што сега познатата фотографија се појавува на предизборните маички.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG