Линкови за пристапност

Тенеси исфли двајца законодавци оти протестирале за поголема контрола на оружјето


 Ова е шокантно, недемократски и без преседан, реагираше претседателот Џо Бајден
Ова е шокантно, недемократски и без преседан, реагираше претседателот Џо Бајден

Републиканските законодавци во јужната сојузна држава Тенеси вчера исфрллија двајца демократски законодавци од сојузниот законодавен дом.

Законодавците учествуваа на протестот минатата недела во сојузниот Капитол, повикувајќи на поголема контрола на оружјето, по неодамнешното смртоносно пукање во училиште во Нешвил, при кое загинаа тројца возрасни и три 9-годишни ученици.

Трет законодавец со еден глас избегна смена.

„Она што го прави Тенеси е зграпчување на власта за соборување на тројца законодавци, ваши колеги, едноставно затоа што ги имате бројките за да го направите тоа“, изјави демократскиот законодавец Јастин Џонс.

Тој рече дека „една недела по масовното пукање што ја погоди нашата заедница, најдиректната акција што ја презема ова законодавно тело, или треба да кажам дека моите колеги од другата страна на патеката ја преземаат, е да не протераат затоа што зборуваме за прашањата за военото оружје на нашите улици. Ве повикавме сите да го забраните автоматското оружје, а вие одговорите со напад врз демократијата“.

Протераните законодавци - Џонс и Џастин Пирсон се Афроамериканци. Третата законодавка - Глорија Џонсон, која се спаси од протерување е бела жена. Републиканските лидери, сепак, негираа дека расата имала некаква врска со протерувањата.

Американскиот претседател Џо Бајден објави на Твитер:

„Три деца и тројца службеници беа убиени во уште едно масовно пукање. И на што се фокусирани претставниците на Републиканската партија? Казнување на законодавците кои им се придружија на илјадниците мирни демонстранти кои повикуваат на акција. Тоа е шокантно, недемократско и без преседан“.

Дел од информациите се преземени од АП и Ројтерс

XS
SM
MD
LG