Линкови за пристапност

Остра изборна дебата во САД поради строгите закони против абортусот


Поддржувачи на правото за абортус протестираат пред Врховниот суд на САД, Вашингтон, април 24, 2024
Поддржувачи на правото за абортус протестираат пред Врховниот суд на САД, Вашингтон, април 24, 2024

Флорида има нов закон со кој се забрануваат повеќето абортуси по шест недели од бременоста. Доналд Трамп го брани правото на сојузните држави да ги регулираат репродуктивните права. Џо Бајден, пак, вели дека децентрализираната власт ги загрозува животите на жените. Известува Скот Стернс.

Кампањата на Бајден ги стави репродуктивните права во центарот на претседателските избори. Потпретседателката Камала Харис водеше кампања во Флорида на денот кога стапи на сила новиот закон за абортус во сојузната државата.

„Ова е борба за слобода. Фундаменталната слобода да се носат одлуки за сопственото тело, а нивната влада не треба да им кажува што треба да прават", вели потпретседателката Камала Харис.

Темата за абортусот, клучна во изборните кампањи во САД
please wait

No media source currently available

0:00 0:04:10 0:00

Новиот закон за абортус на Флорида е меѓу најрестриктивните на државата и поттикна иницијатива за гласање да се стави правото на абортус во државниот устав.

Треба да разберете кој е виновен за ова, ова го направи поранешниот претседател Доналд Трамп
Камала Харис, потпретседателка на САД

Американските сојузни држави носат свои закони за абортус бидејќи одлуката на Врховниот суд од 2022 година стави крај на федералната заштита на абортусот.

Трамп назначи тројца од шесте судии кои одлучија за тој случај, а Харис вели дека гласачите треба да го повикаат на одговорност.

„Низ нашата држава, сведоци сме на целосен напад од сојузна држава по сојузна држава врз репродуктивната слобода. Треба да разберете кој е виновен за ова. Ова го направи поранешниот претседател Доналд Трамп", додава Харис.

Иако Трамп вели дека новиот закон на Флорида оди предалеку, тој редовно ја зема заслугата за овој пристап кон абортусот низ американските држави. Тоа е „волјата на народот“, објаснува во видео на социјалните мрежи.

На крајот на денот, сето ова е волјата на народот, мора да го следите своето срце
Доналд Трамп, кандидат за претседател на САД

„Сојузните држави ќе се разликуваат. Ќе имаат различен број недели, а некои ќе имаат поконзервативни закони од другите, и тоа е она што ќе биде. На крајот на денот, сето ова е волјата на народот. Мора да го следите своето срце, или во многу случаи, вашата религија или вашата вера”, вели Трамп.

Во клиниката за женско здравје во Форт Пирс, Флорида, оваа пациентка стравува дека новиот закон значи дека повеќе млади жени ќе умрат.

„Искрено мислам дека тоа значи многу повеќе смртни случаи, бидејќи шест недели не се долго време. Чувствувам дека абортуси ќе има. Без разлика дали тоа се случува легално или незаконски, ќе се случи, но само ќе биде небезбеден”, вели пациентката Џернека.

Сопственичката на клиниката Кендис Дај вели дека имало наплив на пациенти пред новиот закон за абортус. За неа, забраната од шест недели е премногу рестриктивна.

„Многу девојки дури и не знаат дека се бремени до шестата недела. Тие мислат дека се четири недели бидејќи сè уште не добиле менструација. Откако ќе направиме преглед со ултразвук се утврдува дека тие се во шестата недела, а пациентките треба да бидат прегледани во два различни дена”, додава Дај.

Надвор од клиниката, демонстрантите против абортусот се обидуваат да се поврзат со секоја жена што влегува во неа. Тами Холи го споделува своето искуство.

„Овде сум затоа што ме повреди абортусот и секако не сакам да гледам други жени повредени од абортусот. Влегуваат низ вратата и никогаш не излегуваат исти. Без разлика дали се обидуваат да продолжат со нормален живот, никогаш нема да бидат исти”, вели Холи.

Иако прекинувањето на абортусот мотивира многу републикански гласачи, Трамп се чини дека е свесен за политичката чувствителност на ова прашање во тесната претседателска трка.

„Секогаш одете по вашето срце, но ние мора да победиме. Мора да победиме. Ние сме нација што пропаѓа, но повеќе не можеме да бидеме нација што пропаѓа. Ќе ја направиме нашата нација одлична”, рече Трамп.

Харис вели дека републиканските сојузници на Трамп во Конгресот сакаат забрана на абортусот на национално ниво.

Трамп рече дека тоа не е неопходно сега кога сојузните држави можат да донесат свои закони за абортус.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG