Линкови за пристапност

Поддржувачите на Исламската држава разменуваат пораки преку Телеграм


Според нова студија симпатизерите на терористичката група кои зборуваат англиски не се откажуваат од поддршката и покрај загубата на територија во Сирија и Ирак

Во извештајот „Encrypted Extremism: Inside the Islamic State Ecosystem on Telegram“ подготвен од Универзитетот Џорџ Вашингтон во период од 16 месеци биле следени 636 про-исламистички канали и групи. (јуни 2017-та до октомври 2018-та година).

Истражувањето посочува дека иако терористичката група изгубила територија во Сирија и Ирак поддржувачите кои говорат англиски јазик се свртеле кон Телеграм за да ја зајакнат својата вера во калифатот.

Во исто време, овие поддржувачи од англиското говорно подрачје се обиделе да ја дополнат официјалната пропаганда на Исламската држава со содржини од корисниците и ја зголемиле дистрибуцијата на материјал со инструкции за спроведување напади.

Поддржувачите на терористичката група започнале да се приклучуваат на Телеграм, платформа за инстант пораки која ветува брзина и приватност на комуникациите во 2015-та година откако Твитер и Фејсбук започнаа со блокирање на Исламската држава.

Оттогаш Исламската држава на Телеграм споделуваат голем број на податоци, вклучувајќи и видеа.

Благодарение на политиката за приватност на Телеграм, неколку лица успеале да дејствуваат по препораките на водачите на групата од Сирија и Ирак.

Според студијата еден од нив, 36-годишниот Карен Аижа Хамидон помогнал во мобилизирање на симпатизерите од САД и Сингапур со цел тие да се приклучат кон терористичката група. Хамидон беше уапсен од властите на Филипините во 2017 –та година.

Друг осомничен е 34 годишниот Ашраф ал-Сафо кој беше уапсен минатата година од ФБИ во Чикаго и кој имал поинаков пристап.

Според Одделот за правда на САД, ал-Сафо бил клучен член на Фондацијата Катаб Медиа, група која користела хакирани профили на социјалните медиуми за да шират пропаганда на Исламската држава.

Притворањето на Хамидон и ал-Сафо покажа дека властите успеале да продрат во Телеграм. Сепак студијата покажува дека симпатизерите на Исламската држава продолжуваат да ја користат платформата заради бројот на следбеници.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG