Линкови за пристапност

Технологијата да се користи за да се одржат демократските вредности, порача Блинкен од Сеул


Американскиот државен секретар Eнтони Блинкен вели дека технологијата треба да се користи за да се одржат демократските вредности наспроти напорите на авторитарните и репресивни режими да применат технологија за поткопување на демократијата и човековите права.

Блинкен ги даде забелешките во понеделникот на третиот Самит за демократија во јужнокорејскиот главен град Сеул.

Американскиот државен секретар им рече на присутните дека владите мора да се погрижат иднината на технологијата да биде инклузивна.

„Нашите демократии едвај се имуни на штетите од злоупотребата и неуспехот на вештачката интелигенција, вклучително и влијанијата од изборите што ги прават технолошките компании при примената на нивните иновации од тоа што нашите граѓани можат да пристапат до помалку и помалку различни медиумски извори поради неуспесите на овозможената вештачка интелигенција и пребарувачите, на дискриминација и пристрасност кои несразмерно ги погодуваат расните и етничките малцинства“, изјави Блинкен.

Во својот говор, јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол рече дека земјите се должни да споделуваат искуства и мудрост за да може вештачката интелигенција и технологијата да се користат за промовирање на демократијата.

„Употребата на лажни вести и лажни информации преку вештачка интелигенција и дигитална технологија не само што ги нарушува индивидуалните слободи и човекови права, туку ги загрозува и демократските системи. Дополнително, јазот во дигиталната технологија меѓу нациите ги проширува економските разлики, што пак значително ги влошува демократските несогласувања", рече јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол.

Самитот за демократија, чиј домаќин е Јужна Кореја, е иницијатива на американскиот претседател Џо Бајден, чија цел е да се разговара за начините за запирање на демократското назадување и ерозијата на правата и слободите.

XS
SM
MD
LG