Линкови за пристапност

Паметните телефони ќе се користат за откривање знаци на депресија


Научниците ги тестираат апликациите на паметните телефони кои користат вештачка интелигенција

Прекумерната употреба на паметни телефони се поврзува со влошување на менталното здравје кај тинејџерите, покажаа низа истражувања.

Но, дали паметните телефони можат да бидат корисни токму во откривање на менталната состојба?

Експертите велат дека со поминување одредено време на страници, како што се Инстаграм и Јутјуб, тинејџерите може да остават дигитални траги кои, пак, потоа може да откријат знаци за нивната психичка состојба.

Како можни предупредувачки знаци се сметаат промени во брзината на пишување, квалитетот на гласот, изборот на зборови, како и колку често ученикот седи дома после училиште

Томас Инсел од Националниот институт за ментално здравје, вели дека има повеќе од 1.000 `биомаркери` на паметните телефони.

Научниците ги тестираат апликациите на паметните телефони кои користат вештачка интелигенција за да откријат депресија или можно лично наштетување.

Употребата на паметни телефони, како детектори за менталното здравје подразбира согласност од корисниците да ја симнат апликацијата, којашто согласност може да биде повлечена во кое било време.

Ако паметните телефони можат да станат ефикасни во откривање ментални проблеми, креаторите на апликации велат дека целта може да биде да се испраќаат автоматски пораки до родители, доктори и до итни служби за помош.

Фејсбук помогна итните служби брзо да стигнат до 3.500 луѓе минатата година, иако компанијата не понуди информации за состојбата на овие лица потоа.

Самоубиството е втора водечка причина во САД за смрт на лица на возраст од десет до 34 години

Согласно статистиката, до 2015-та година, 14 од 100.000 момчиња извршиле самоубситво, како и пет од 100.000 девојчиња.

Најновите истражувања укажуваат на тоа дека употребата на паметни телефони ја влошила ситуацијата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG