На интернет може да најдете направи кои можат да замолчат пес што лае. Меѓу нив е и апликација за вашиот мобилен телефон но и нештошто личи на куќа за птици што емитува ултрасонични звуци.
Бучни луѓе исто така може да ве нервираат. Јавни агенции и сопственици на бизниси почнаа да ги користат истити техники – ако не можат да ги замолчат, тогаш ќе ги натераат самите да си заминат.
Тинејџерите добиваат секојдневна доза на непријатни звуци од сопствениците на продавници во Кинескиот кварт во Вашингтон, што стана популарно собиралиште на млади луѓе.
При крај со нервите поради непристојност и повремеми тепачки меѓу младите и негативниот ефект врз потенцијални муштерии, газдите на овие локали закачија електорнска направа под името „Комарец“, на самиот излез од метро станицата во овој дел од градот. .
„Комарецот“ производителот го опишува како направа за растерување на нападна младина, емитува гласни звуци што го „параат“ увото, од 17, 5 килохерци. Сепак, само тинејџерите и младите може да ги слушнат тие звуци. Компанијата од Мисури која ги продава електронските направи вели тој звук ги побудалува младите.
Кога новинарот од весникот Вашингтон Пост отишол да го провери ефектот од направата, сретнал двајца посетители од сојузната држава Конектикат, едниот на 19 и другиот на 20-годишна возраст, кои го напуштале местото токму поради неподносливото бипкање.
Но и некои постари минувачи исто така негодуваат заради иритирачките звуци. А еден помлад човек се пожали дека постојаниот непријатен звук, бил „дискриминација спрема млади, афроамерикански тинејџери, кои во најголем дел се дел од толпите што се собираат во Кинескиот кварт. А тоа е злобно, нели?, му рекол овој човек на новинарот на Пост.
Нема извештаи дека електронската направа има ефект врз кучињата во населбата.