Линкови за пристапност

Параолимписка технологија


Во фокусот на Параолимписките Игри во Лондон не беа само атлетичарите. Технологијата што им помогна на овие спортисти да бидат таму беше исто толку фасцинирачка.

Во гаражата од неговиот дом недалеку од Лондон, Дејвид Шефилд работи на прототип на инвалидска количка наменета за параолимпијците.
Со него работи поранешниот инженер Даг Ват.

Тие се меѓу околу 1000 луѓе кои волонтираат во хуманитарната организација „Ремап“, која дизајнира технологија што им помага на лицата со специјални потреби. Не само што ја користат гаражата како простор за работа, туку користат и свој материјал и тоа го прават бесплатно.

Инвалидската количка на која работат во моментов е дизаjнирана за фрлачот на ѓуле, Шон Сувел. Таа може да се прилагоди и за други идни атлетичари, објаснува Дејвид Шефилд.

Сувел сега е во 30-тите години од животот, а користи инвалидска количка откако ги загубил нозете во несреќа со моторцикл пред 13 години.
За малку ќе бил дел од параолимпискиот тим за Пекинг во 2008-ма, кога се разболел.

Годините потоа за него биле предизвик:

„Патешетвието кое го минав како параолимпиец воопшто не беше лесно. Се обидов да најдам тренер, и вежбална во која ќе можам да тренирам“.
Шефилд и Ват му го смениле животот. Минале време со него гледајќи го како фрла ѓуле, и тоа го инкорпорирале во дизајнот.

Сувел вели дека има намера да учествува на Игрите во Рио де Женерио во 2016-та.

Новата инвалидска количка верува дека ќе му помогне да стаса до таму.
Питер Пери е претседавач со Бордот на директори на „Ремап“. Вели дека волонтерите изградиле направи за тројца атлетичари кои се натпреварувале во овогодишните параолимписки игри.

Тој вели дека технологијата може да биде и предизвик за мамење, како на пример со супстанци кои го подобруваат перформансот. Но со инвалидска количка како оваа мора да прави се` по книга, и лесно се забележува ако некои нејзини делови му даваат нечесна предност на натпреварувачот.
XS
SM
MD
LG