Линкови за пристапност

„Ти парти“ против статус-кво ситуацијата


„Ти парти“ против статус-кво ситуацијата
„Ти парти“ против статус-кво ситуацијата

Движењето беше формирано минатата година, по поплаките против големината на владата, даноци и реформата на здравствената заштита на претседателот Барак Обама.

Преку 70 кандидати, поддржани од нецентрализираното движење „Ти парти“, се борат за места во Конгресот на изборите, а дел од нив дури ги поразија умерените републиканци на прелиминарните партиски избори.

Движењето беше формирано минатата година, по поплаките против големината на владата, даноци и реформата на здравствената заштита на претседателот Барак Обама. Следбениците споделуваат бунтовност кон актуелната влада и нејзината економска политика, а го избегнуваат традиционалното републиканско раководство.

Кандидати поддржани од „Ти парти“ победија на прелиминарните републикански избори за места во Конгресот. Поранешната гувернерка на Аљаска и кандидатка за потпретседателската функција во 2008-та, Сара Пејлин, е мошне популарна во редовите на движењето.

Експертите наведуваат дека сепак е прашање дали кандидатите подржани од движењето ќе можат да посегнат по поширока гласачка маса за време на општите избори, поради нивната мошне конзервативна агенда. Без оглед на тоа, 35 кандидати кои имаат поддршка од „Ти парти“ се или во водство, или во тесна трка со противкандидатите на овие избори.

XS
SM
MD
LG