Линкови за пристапност

Судот во Хаг го осуди Чарлс Тејлор


Поранешниот либериски претседател е прв случај на судење на шеф на држава додека се` уште бил на функција.

Изгледајќи сериозно во темен костум, поранешниот либериски лидер Чарлс Тејлор стоеше немо додека претседавачкиот судија Ричард Лусик ја читаше пресудата од специјалниот трибунал на ОН, во Хаг.

Судиите решија дека 64-годишниот Тејлор е виновен за помагање на бунтовниците на Револуционерниот обединет фронт кои убиле десетици илјади луѓе во децениската граѓанска војна во Сиера Леон.

Судот кажа дека Тејлор добил таканаречени „крвави дијаманти“ во замена за обезбедување оружје, муниција, комуникациска опрема и планирање помош за бунтовниците кои направиле дела како убиства, силување, ангажирање деца војници и сексуално ропство.

Но судијата судијата Лусик кажа дека обвинителите не успеале да докажат со сигурност дека Тејлор бил дел од здружена криминална машинерија, или дека неговото влијание на бунтовниците било во обем на ефективно командување со нив и контрола врз нив.

Тејлор во текот на судењето тврдеше дека е невин. Судот во Хаг закажа друго рочиште за 16 мај, кога ќе бидат сослушани дополнителни орални аргументи на обвинителите и бранителите, кога ќе може да зборува и Тејлор, доколку сака. Изрекувањето на пресудата ќе биде на 30 мај, а се очекува Тејлор да ја служи казната во Британија.

XS
SM
MD
LG