Масивно намалување на даноците доцна во четвртокот беше усвоена во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, и сега оди кај претседателот Барак Обама на потпис.
Мерката, што мина со 277 спрема 148 гласови, ги задржува скратувањата на даноците за богатите и за Американците од средната класа што ги воведе претходникот на Обама, Џорџ В. Буш. Исто така, ги продолжува бенефициите за невработените Американци за 13 месеци, и воведува двопроцентно намалување на даноците на платите.
Конечното усвојување на предлог-законот беше забавено заради демократите во Претставничкиот дом кои бараа зголемување на даночните стапки на мулти-милионските имоти од 35 на 45 проценти, иако имаше и републиканци кои беа против.
Претседателот Обама компромисниот договор го нарече „есенцијален економски пакет“.