Федералната агенција во САД донесе годинава околу 2,4 трилиони приход. Агенцијата има вкупно 90.000 вработени кои допираат во секој сектор на американското општество, вклучувајќи поединечни даночни обврзници, мали бизниси, големи корпорации и организации кои се изземени од плаќање даноци.
Според американскиот закон, одредени организации за добротворни цели, како и верски, образовни и културни организации, се изземени од плаќање данок, што значи дека не треба да платат федерални давачки за своите активности.
Во средиштето на сегашниот скандал во кој е вмешана оваа агенција е статусот на изземеност од плаќање данок познат како 501 ц 4.
Групите што агенција ги издвои специјално да ги испитува заради барањето да бидат во категоријата на изземени по оваа основа, се противат на голем дел од политиката на администрацијата за расходи и данок. Дополнителната истрага го оддолжи процесот и принуди многу мали групи да затворат за време на минатата претседателска изборна кампања.
Според законот, овие групи „не смеат да бидат организирани за профит и мора да оперираат ексклузивно за промоција на социјална добросостојба ... и граѓанско подобрување...“
Агенцијата вели дека овие групи може да се ангажираат во некои политички активности, доколку тоа не е нивна главна активност, и можат да се ангажираат и во лобирање. Но тие не смеат да работат во корист или како опозиција на кој било кандидат за јавна функција.