Mилиони американски даночни обврзници чекаат до последен момент да известат за нивните приходи во изминатата година.
Милиони други даночни обврзници ја завршиле таа обврска изминативе недели и веќе примаат чекови од владата во просечен износ од 2.800 долари зашто даночните задржувања изминатата година ја надминале сумата што и` ја должат на владата.
Американскиот претседател Барак Обама и неговата сопруга Мишел објавија дека заработиле 608.611 долари минатата година и платиле 112.214 долари за даноци. Тие донирале четвртина од нивниот приход на 33 различни добротворни организации, што ја намалило сумата за која плаќаат даноци.
Приходот на семејството Обама е 12 пати повисок од оној на просечно американско домаќинство, кој е малку повеќе од 50.000 долари.