Линкови за пристапност

Трамп го објави планот за даночна реформа


Американскиот претседател Доналд Трамп, го промовираше планот на републиканците за реформа на даночниот систем, за кој вели дека ќе ја спаси средната класа од тешки даноци.

Трамп ги објави деталите на планот пред свои симпатизери во Индијанополис, Индијана.

„Елиминираме специфични изземања од кои корист првенствено имаат богатите даночни обврзници. На Конгресот му даваме флексибилност да додаде данок за оние со највисоки примања за да овозможиме олеснувања за работниот народ. Втора работа е што нашиот кодекс ќе биде поедноставен, лесен за разбирање и примена“, рече претседателот.

Трамп додаде и дека пониските даноци за корпорациите ќе привлечат странски инвестиции. Тој кажа дека според сегашниот систем, многу странски компании избегнуваат бизнис во САД токму заради даночните стапки.

Претседателот на САД не образложи како ослободувањето од даноци ќе биде финансирано, но двопартиска Комисија за одговорен федерален буџет проценува дека даночната реформа ќе додаде 2,2 трилиони долари на националниот долг во текот на наредните десет години.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG