Линкови за пристапност

Претставничкиот дом усвои масивни реформи во даночниот систем


Следно, гласањето во Сенатот

Мерката во Претставничкиот дом беше усвоена со 227 "за" и 203 "против". Гласањето беше претежно по партиска линија.

Откако двата дома на Конгресот ќе ја одобрат оваа мерка, таа ќе биде испратена до претседателот Трамп на потпис за да стане закон.

Претставничкиот дом гласаше за ребаланс во буџетот од 1,5 милијарди долари, што ќе обезбеди даночно олеснување за повеќето Американци, но најмногу ќе им користи на богатите, според мислењето на непартиската група за анализа на даноците.

По Претставничкиот дом, и Сенатот ќе гласа за мерката подоцна денеска, изјави лидерот на републиканците во Сенатот Мич Меконел. Ако обата дома го одобрат предлогот, ќе значи и прва најголема промена на даночниот систем во САД изминативе 30 години, а со тоа претседателот Трамп ќе ја извојува првата голема законодавна победа.

Републиканските законодавци најверојатно имаат гласови за намалување на корпоративните даноци од 35 до 21 отсто, привремено да ги намалат даноците што ги плаќаат работниците и да го зголемат американскиот национален долг за 1,5 трилиони долари.

Непартискиот Центар за даночна политика во понеделникот објави дека законот ќе ги намали даноците за 95 отсто кај Американците следната година, но просечните кратења во голема мера ќе ги надминат намалувањата за лицата кои заработуваат помалку.

Законот воедно делумно го укинува претходниот акт за здравствена заштита на поранешниот претседател Барак Обама и се очекува со тоа да се додаде речиси 1,5 трилиони долари во федералниот долг во текот на следната деценија.

Републиканските поддржувачи на мерката се надеваат дека осумте последователни години на економскиот раст во САД ќе продолжат и ќе се забрза процесот поради стимулот на овој закон.

„Ова ќе направи позитивна разлика во животот на Американците“, изјави денеска спикерот на Претставничкиот дом, Пол Рајан.

Демократите, кои беа исклучени од републиканските состаноци за изготвување на предлог-законот кој се одвиваше зад затворени врати, едногласно се спротивставуваат на мерката. Тие тврдат дека даночниот пакет ги фаворизира големите корпорации и богатите, додека во голема мера ја игнорира средната класа и ги принудува старите лица да платат многу повисока цена.

„Има толку многу отстапки во овој предлог-закон што луѓето ќе кажат дека ова е некаква нова „златна ера“, рече Рон Виден, највисоко рангиран демократ во даночната комисија во Сенатот.

Доколку републиканците не ја повлечат својата поддршка во последен момент, Конгресот може да го испрати законот на потпис кај претседателот Трамп уште наредниот ден, во среда.

Анкетите покажуваа дека повеќето Американци се противат на тоа.

Истражувањето на Харвард КАПС-Харис спроведено помеѓу 8-ми и 11-ти декември, покажа дека 64 отсто од американските гласачи се против мерката. И новата анкета на Си-Ен-Ен спроведена од страна на истражувачката фирма ССРС покажува дека 55 отсто од Американците не се согласуваат со мерката.

Анкетата на Ројтерс-Ипсос објавена на 11-ти декември, покажа дека речиси половина од Американците се противат на планот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG