Линкови за пристапност

Претставничкиот дом ќе гласа за реформи во даночниот систем


Ако двата дома ја одобрат оваа мерка, таа ќе биде испратена до претседателот Доналд Трамп кој треба да ја стави во закон, и со тоа ќе се направи првата најголема досега модификација на даночниот законик во САД во изминативе 30 години

Претставничкиот дом на САД денес ќе гласа за ребаланс во буџетот од 1,5 милијарди долари, што ќе обезбеди даночно олеснување за повеќето Американци, но најмногу ќе им користи на богатите, според мислењето на непартиската група за анализа на даноците.

По ова, на потег е Сенатот. Ако двата дома ја одобрат оваа мерка, таа ќе биде испратена до претседателот Доналд Трамп кој ќе ја потпише со што ќе стане закон. Тоа би значело прва најголема модификација на американскиот даночен систем изминативе 30 години, а за претседателот Трамп би била првата голема законодавна победа.

Републиканските законодавци се чини дека имаат гласови за намалување на корпоративните даноци од 35 до 21 отсто, привремено и скромно ги намалуваат даноците што ги плаќаат работниците и го поттикнуваат американскиот национален долг за 1,5 трилиони долари.

Непартискиот Центар за даночна политика во понеделникот заклучи дека законот ќе ги намали даноците за 95 отсто кај Американците следната година, но просечните кратења во голема мера ќе ги надминат намалувањата за луѓето кои заработуваат помалку.

Законот, исто така, делумно го укинува законот за здравствена заштита на поранешниот претседател Барак Обама и се очекува со тоа да се додаде речиси 1,5 трилиони долари во федералниот долг во текот на следната деценија.

Републиканските поддржувачи на мерката се надеваат дека осумте последователни години на економскиот раст во САД ќе продолжат и ќе се забрза процесот поради стимулот на овој закон.

„Ова ќе направи позитивна разлика во животот на Американците“, изјави претседателот на домот Пол Рајан.

Демократите, кои беа исклучени од републиканските состаноци за изготвување на предлог-законот кој се одвиваше зад затворени врати, едногласно се спротивставуваат на мерката. Тие тврдат дека даночниот пакет ги фаворизира големите корпорации и богатите, додека во голема мера ја игнорира средната класа и ги принудува старите лица да платат многу повисока цена.

„Има толку многу отстапки во овој предлог-закон што луѓето ќе кажат дека ова е некаква нова „златна ера“, рече Рон Виден, највисоко рангиран демократ во даночниот комитет на Сенатот.

Доколку републиканците не ја повлечат својата поддршка во последен момент, Конгресот можно е да го испрати документот на потпис во Белата куќа уште наредниот ден, во среда.

Анкетите покажуваат дека повеќето Американци се противат на тоа.

Истражувањето на Харвард КАПС-Харис спроведено помеѓу 8-ми и 11-ти декември покажува дека 64 отсто од американските гласачи се противат на мерката. Новата анкета на Си-Ен-Ен спроведена од страна на истражувачката фирма ССРС покажува дека 55 отсто од Американците не се "за". Анкетата на Ројтерс-Ипсос објавена на 11-ти декември покажа дека речиси половина од Американците се спротивставуваат на планот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG