Линкови за пристапност

Републиканците го блокираа планот за даноци на милионерите


Демократите не собраа 60 гласови за поддршка на таканареченото „Правило на Бафет“

Републиканците во американскиот Сенат го блокираа предлог-законот што ќе поставеше нова минимална даночна стапка за милионерите, план што го туркаше претседателот Барак Обама, додека двете партии презентираат предлози за даноци и за економијата во изборната година.

Сенатот во понеделникот гласаше 51-45 главно по партиска линија, при што мнозинските демократи не беа во состојба да дојдат до 60 гласови потребни за придвижување на таканареченото „Правило на Бафет“ понапред во процесот.

Мерката требаше да воспостави минимална даночна стапка од 30 проценти за луѓето со приходи над еден милион долари годишно. Многу богати Американци плаќаат помалку даноци заради тоа што приходите им се од инвестиции што се оданочуваат со помала стапка.

Обама во изјава по гласањето кажа дека Републиканците избрале да ги „заштитат даночните олеснувања за сметка на средната класа“.

Републиканците велат дека планот нема да направел никаква разлика во решавање на економските проблеми на државата.

XS
SM
MD
LG