Вниманието сега се врти кон Претставничкиот дом каде некои демократи сакаат да го променат договорот постигнат меѓу претседателот Барак Обама и конгресните републиканци.
Во ретка претстава на двопартиство во Сенатот гласовите беа 81 спрема 19 за продолжување на постоечките федерални скратувања на даноците за сите нивоа на приход. Тие даночни стапки требаше да се кренат на првиот ден на следната година, што ниедна партија не го сака имајќи во вид економските слабости на државата. Предлог-законот исто така ги продолжува и бенефициите за невработените и ги лимитира даноците на наследство на мултимилионските имоти, и ги намалува придонесите на работниците за социјално осигурување. Легислативата ќе ги зголеми трошоците и ќе го намали профитот, што нагло ќе го зголеми федералниот долг во наредните две години.
Вообичаен рефрен од либералците и конзервативните сенатори е дека предлог-законот не е совршен, но дека е подобар од ништо.
Претставничкиот дом исто така се очекува да гласа по пакетот за даноци но не е јасно каков ќе биде исходот. Секаква промена оттаму ќе го испрати пакетот назад во Сенатот за уште едно гласање.