Линкови за пристапност

Обама го поздрави гласањето за даноците


Обама го поздрави гласањето за даноците
Обама го поздрави гласањето за даноците

Претседателот Барак Обама го поздрави клучното процедурално гласање во американскиот Сенат по неговиот компромисен договор со опозиционите републиканци. Републиканците, пак, веднаш прогласија победа по судската одлука за неуставност на дел од неговата здравствена реформа

Белата куќа е убедена дека ќе добие доволно гласови за движење на мерката низ Сенатот, иако претседателот знае дека има уште работа со демократите во Претставничкиот дом кои не се среќни со компромисот.

По цена од нешто повеќе од 850 милијарди долари, договорот треба за две години да ги продолжи пониските даночни стапки за средната класа и за поимотните Американци, што претседателот Џорџ В. Буш ги постави.

За возврат, републиканците се согласија на 13-месечно продолжување на бенефициите за околу два милиони невработени Американци.

И додека претседателот продолжува да работи на обезбедување на минувањето на законот за даноците, Белата куќа се обидува да не придава големо значење на пресудата на федерален судија по клучен аспект на законот за реформа на здравствената заштита.

Во одлуката на судија од сојузната држава Вирџинија стои дека делот што бара Американците да купат здравствено осигурување до 2014 е неуставен, но не го блокира целосно законот за здравствена грижа од движење напред.

Сега се очекува случајот да оди пред Врховниот суд на САД.

По објавувањето на одлуката републиканците веднаш прогласија победа. Претставникот од Охајо Џон Бенер, кој се очекува во јануари да стане следниот спикер на Претставничкиот дом, ја повтори намерата на неговата партија да го укине законот за здравствена заштита.

XS
SM
MD
LG