Линкови за пристапност

Даночна дебата во САД – кој добива, а кој губи?


Даночна дебата во САД – кој добива, а кој губи?

Некои сопственици на мали бизниси сметаат дека евентуалното зголемување на даноците може да биде погубно на плановите за ширење на работата

Во овие тешки економски времиња во САД, демократите се залагаат да се продолжи намалувањето на даноците за сите, освен за најбогатите. Републиканците, пак, инсистираат и најбогатите да можат да здивнат. Некои сопственици на мали бизниси сметаат дека евентуалното зголемување на даноците може да се одрази на нивните планови за ширење на бизнисот.

Мајк Андерсон е сопственик на ресторанот за карипска храна „Мајкс“ во Александрија, Вирџинија. Добро заработува и планира следната година да отвори уште еден ресторан на 500 квадратни метри, за кој вели дека ќе биде најголем ресторан во областа.

Но, тој не е без грижи. Дури и кога им оди исклучително добро, рестораните остваруваат мал профит поради даноците и другите давачки. Андерсон смета дека зголемените даноци би биле погубни за неговиот бизнис и резимира:

„Ако се зголемат даноците, тоа не може да падне врз грбот на муштериите. Значи, или тие ќе се одразат врз нас, или ќе отпуштиме луѓе или ќе ги запреме планираните инвестиции“.

Бизнисот на Андерсон е од видот на оние за кои републиканците се против да се зголемат даноците.

„На малите бизниси ќе им биде многу тешко да инвестираат, да купат опрема, или да најмуваат“, вели републиканскиот сенаторот Џон Тун.

Демократите тврдат дека немаат намера да ги казнат бизнисите, туку напротив, да ги вратат на ниво од економската експанзија во времето на владата на Бил Клинтон. Претседателот Барак Обама сакаше да ги укине олеснувањата за оние кои заработуваат над 250.000 годишно.

Со федерален дефицит од трилион долари, САД се на крстопат да направат избор. Повеќето економисти веруваат дека порано или подоцна, ќе биде неопходна комбинацијата на повисоки даноци и поостри кратења во трошоците.

XS
SM
MD
LG