Линкови за пристапност

Таравари за Глас на Америка: Ако има интерес од сите страни за нов устав, тука сме


Ќе продолжиме со овој (Устав) сè додека не се создадат услови за двете поголеми етнички заедници во Македонија да седнат и да констатираат дека навистина ни треба нов и подобар Устав за државата, вели Арбен Таравари
Ќе продолжиме со овој (Устав) сè додека не се создадат услови за двете поголеми етнички заедници во Македонија да седнат и да констатираат дека навистина ни треба нов и подобар Устав за државата, вели Арбен Таравари

Начелно веќе имаме Влада во доаѓање и се надевам дека од 1 до 5 јуни ќе имаме нова Влада на Република Македонија, вели еден од лидерите во коалицијата ВРЕДИ, Арбен Таравари во разговор за Гласот на Америка

Нам ни треба добра децентрализација, а не федерализација, вели Арбен Таравари, кој е еден од челниците на коалицијата ВРЕДИ, а со кого разговаравме за нивните барања доколку станат дел од новата влада.

Интервју: Арбен Таравари зборува за преговорите за нова влада
please wait

No media source currently available

0:00 0:09:00 0:00

Глас на Америка: Дали се подготвувате за влез во Влада и за кога е закажана следната средба со Мицкоски?

Арбен Таравари: Следната средба ќе биде со работните групи. Јас се надевам во понеделник и во среда да продолжат разговорите. Начелно веќе имаме Влада во доаѓање и се надевам дека од 1 до 5 јуни ќе имаме нова Влада на Република Македонија.

Глас на Америка: Кои места инсистирате да ги добиете во идниот владин состав?

Арбен Таравари: Генерално не е разговарано воопшто за кадровски решенија и за поделба на ресори, освен што програмата е усогласена, кои се најважните точки на следното владеење и тоа ќе се базира на три столба. Првиот е евроинтегративниот пат на Македонија, вториот е бескомпромисна борба со криминалот и корупцијата и правна држава и третата точка е економски развој на државата.

Генерално не е разговарано воопшто за кадровски решенија и за поделба на ресори
Арбен Таравари

Ова се трите столба на договорот меѓу ВЛЕН и ВМРО ДПМНЕ. Јас не можам да кажам ништо, бидејќи не е разговарано ништо за поделба на места. Се надевам дека набргу работните групи ќе седнат за да ги усогласат програмите на двете коалиции ВЛЕН и ВМРО ДПМНЕ, а потоа во втората етапа ќе разговараме за кадровски решенија. Јас се надевам дека за една недела до десет дена ќе почнеме и за тоа да разговараме.

Во меѓувреме ќе се подготвуваат тимовите и ќе видат до каде сме со поделба на министерските ресори и директорските места. Нормално дека и ние би сакале да покажеме дека и албанскиот дел од Владата, која ќе владее наредните четири години ќе знае да умее и владее со добри кадри, кои што се професионалци.

Глас на Америка: Кои се вашите услови од кои нема да отстапите за да влезете во Влада?

Арбен Таравари: Тоа се трите столбови. Тоа се трите главни работи на кои ќе инсистираме. ЕУ-интеграцискиот пат на Македонија е несомнено работа, на која интензивно ќе работиме во наредниот период, за да се изнајде решение, што побргу, тоа подобро.

Правната држава е многу важна и за тоа ќе се залагаме максимално. Борбата против криминалот и корупција, ќе биде бескомпромисна. За тоа сме усогласени да нема пардон кон никого, дали е од ВЛЕН, СДСМ, ДУИ, ВМРО ДПМНЕ, секој кој ја злоупотребил функцијата ќе треба да одговара. Само така може да порасне кредибилитетот на идната Влада, луѓето да ни веруваат, дека сериозно размислуваме за реформи во државата.

Деполитизација на институциите и враќање на довербата во институциите на системот. И во меѓувреме децентрализација и економски развој на државата. Тоа мора да го покажеме во првата година до локалните избори, бидејќи во октомври идната година пак ќе имаме гласање. Така да мора да ја вратиме довербата во институциите на системот.

Парламентарни и претседателски избори во С.Македонија
Парламентарни и претседателски избори во С.Македонија

Глас на Америка: Како ја коментирате изјавата на Ахмети дека се втора сила во земјaта, дека на државата ѝ треба стабилност и иднина, како и дека играта сè уште не е започната?

Арбен Таравари: На Ахмети му посакувам успешна опозиција. Една партија не е партија, ако не е во опозиција. Таму се девет партии, не е само Ахмети. Јас му посакувам прво да ги задржи коалициските партнери, бидејќи веќе има најави дека одредени политички партии можат да се движат кон Владата.

Се надевам дека Ахмети е свесен, дека е добро за државата и за Албанците, за општеството, еден период да бидат ослободени од ДУИ и им посакувам еден период убаво опозиционерство. И со него ќе се видиме повторно на локалните избори, но сега ние ќе организираме избори, и ќе видиме колку вредат и колку тежат навистина.

Глас на Америка: Ахмети пред некој ден објави документ за т.н. Платформа, која наводно е потпишана од сите, дека ниту една албанска партија нема да прави коалиција со македонска партија, ако не се согласи на измена на Уставот. Ваш коментар за сето ова?

Нема потпишан договор, има само договор меѓу нас кога сме разговарале.
Арбен Таравари

Арбен Таравари: Ахмети знае секогаш да злоупотребува вакви работи, да каже и информации и дезинформации. Првата точка на меѓупартискиот договор е европскиот пат на Македонија. Ахмети изгледа посакува тој да биде во Влада безусловно и не е навикнат да биде во опозиција. Но сега ќе го научиме еден период да седи тивко, да критикува каде смета дека не е добро, а и одредени негови функционери ако злоупотребиле да излезат пред правдата.

Нема потпишан договор, има само договор меѓу нас кога сме разговарале. Јас разговарав тогаш и со Ахмети, зборувам за во декември 2020 година и со опозициските партии. Ахмети го знае нашиот став и тој го знае нашиот став. Тој 20 години зборува ЕУ, ЕУ, но до никаде не сме со евроинтеграции. Сега ние имаме можност, да покажеме како може набргу и најдобро да се влезе во ЕУ.

Арбен Таравари, архивска фотографија
Арбен Таравари, архивска фотографија

Глас на Америка: Во програмата на ВЛЕН се вели: Ќе изградиме консензус за еден нов Устав, кој ќе ја редефинира земјата, како една држава на двете мнозински заедници, но со гарантирани и целосни права и на малцинските заедници. Што мислите со ова, дали ова ќе значи еден вид федерализација на државата?

Нам ни треба добра децентрализација, а не федерализација
Арбен Таравари

Арбен Таравари: Пендаровски, како веќе поранешен претседател пред една година кажа дека е заинтересиран за нов Устав. И ние сме, но за тоа треба поширок општествен и политички консензус. Ако има интерес од сите страни да отвориме и направиме нов Устав тука сме, ако не ќе продолжиме со овој, сè додека не се создадат услови за двете поголеми етнички заедници во Македонија да седнат и да констатираат дека навистина ни треба нов и подобар Устав за државата.

Нема врска ова со федерализација. Нам ни треба добра децентрализација, а не федерализација. Сите зборуваме за интеграција во ЕУ, а од друга страна зборуваме повторно за сегрегација. Јас сум повеќе за интеграција. Така што ни треба добра децентрализација, а не федерализација.

Формирање албанска банка е една од точките во програмата на ВРЕДИ
Формирање албанска банка е една од точките во програмата на ВРЕДИ

Глас на Америка: Во програмата на ВЛЕН, велите дека ќе се залагате за албанскиот јазик да биде втор државен јазик на цела територија, за формирање албанска банка, национален совет на албанската дијаспора, албанска академија на науки и уметности, меѓуалбанска интеграција. Сметате ли дека ВМРО ДПМНЕ ќе биде подготвен сето ова да го прифати?

Банкарскиот систем е целосно под контрола на Македонци
Арбен Таравари

Арбен Таравари: За сето ова убаво е да се разговара, што може да се направи. Банкарскиот систем е целосно под контрола на Македонци. Јас мислам дека не е лошо да се размисли во овој правец.

МАНУ е некако друштво во кое примаат, само кој им одговара. Има едно друштво на професори Албанци, кое веќе функционира како невладина организација. Доколку МАНУ е подготвено да ги отвори вратите за луѓето кои заслужуваат, а не за луѓе кои не се подобни за нив, тогаш мислам дека нема потреба.

Но доколку продолжи со вакво функционирање и селектирање на луѓе подобни за нив, мислам дека сите овие работи се отворени и треба да ги дискутираме меѓу нас.

XS
SM
MD
LG