Линкови за пристапност

Тања Балаќ: Само општествата што вложуваат во младите креативци, се општества со визија


Тања Балаќ: Уметноста мора да проговори за проблемите со кои се соочуваме
Тања Балаќ: Уметноста мора да проговори за проблемите со кои се соочуваме

Живееме во свет на поделби и како да не останува простор за хуманата димензија во човекот. Да ја пуштиме раката и да покажеме разбирање за различниот, вели уметницата Тања Балаќ, чија изложба „Раселени“ замина во Стразбур

За луѓето кои избркани од своите домови талкаат низ светот, за бегалците, за лицата соочени со животни крстопати. Тоа се дел од приказните прикажани низ сликите на македонската уметница Тања Балаќ. Нејзината изложба „Раселени“ неодамна беше поставена во Музејот на Македонија.

Интервју со уметницата Тања Балаќ
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:27 0:00
Бевме сведоци на подигањето на камповите, на подигањето жичени огради

„Ние бевме сведоци на подигањето на камповите, бевме сведоци на подигањето на жичените огради. И сите оние ликови на исплашени, гладни, жедни, изгубени ликови. Изгубени лица, мажи, жени, деца се најдоа во моите дела. Како некој врисок којшто едноставно мораме да го проговориме“, вели Балаќ.

Изложбата ја сочинуваат триесетина дела и два експериментални филма. Истата отпатува и во Стразбур, во Советот на Европа.

„Не можеме да не реагираме. Едноставно, многу е битен моментот на будност. Како што времето се.. Во кој свет се движиме и во кој правец се движи светот, мислам дека стануваме дехумани. Ова е можеби некаков повик за враќање на вистинските вредности“.

Со Балаќ разговаравме за пораките што треба да ги упати уметноста:

Уметникот е оставен сам на себе. Едноставно оставен е да се снаоѓа, како знае и умее

„Да отвора прашања, да повикува на дијалог, па можеби и да нуди некакви можни решенија. Но (уметноста) мора да проговори за проблемите со кои се соочуваме. Всушност, да бидеме во времето во кое живееме“.

Како и за свеста кон различностите:

„Живееме во свет на поделби. Живееме во свет на поделби од секој можен аспект: Етнички, старосни, национални, верски, политички, генерациски, родови. Какви сакаме. Толку се многубројни, што всушност како да не останува простор за онаа хумана димензија којашто длабоко во човекот постои. Да ја разбудиме, да ја пуштиме раката и да покажеме разбирање за различниот“.

Разговаравме и за егзистенцијалните предизвици со кои се соочуваат македонските уметници.

оставаме на идните генерации простор обременет со безброј нерешени проблеми, меѓу кои е загадувањето

„Уметникот е оставен сам на себе. Едноставно оставен е да се снаоѓа, како знае и умее, во однос на многу можности на претставување, на обезбедување простор, на обезбедување можности за творење. Мора да се вложи повеќе, затоа што само оние општества коишто вложуваат во младите креативци, се општества кои ја гледаат својата визија за развој. Мора да вложуваме во уметноста“.

Животната средина е уште една од темите на кои размислува да ѝ се посвети преку делата.

„Ние оставаме на идните генерации простор обременет со безброј нерешени проблеми, меѓу кои е екологијата, односно загадувањето. Право на чист воздух, чиста вода“.

Уметницата Балаќ упати порака и до младите креатори:

„Мора да се твори. Едноставно, сакам да веруваат дека уметноста ќе го спаси светот, таа романтична мисла. Но, многу е битна желбата за експеримент и желбата за мечтаење“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG