Линкови за пристапност

САД и Кина со помирувачки тон пред годишните разговори


Зад очите на јавноста, двете страни се справуваат со предизвиците на билатералните релации.

Високи американски и кинески претставници ја нагласуваат соработката додека почнуваат со дводневните годишни разговори во Пекинг, во среда.

На церемонијата на отварањето на годинешниот „Стратешки и економски дијалог“ претседателот Ши Џинпинг кажа дека конфронтацијата меѓу САД и Кина „дефинитивно би била катастрофа“.

Таквото расположение беше и кај државниот секретар Џон Кери и секретарот за финансии Џек Лу, кои ја водат американската делегација.

Кери кажа дека САД не се обидуваат да ја изолираат Кина, туку се надева дека државата ќе стане „мирна, стабилна и просперитетна“ и дека ќе придонесува за регионалната стабилност.

Вакви помирувачки јавни изјави се стандардни за годишните разговори. Но на приватните средби, двете страни се справуваат со предизвиците на билатералните релации.

XS
SM
MD
LG