Средбата од среда на иранскиот нуклеарен преговарач со претставниците на таканаречената група П5+1: Британија, Кина, Франција, Русија, САД плус Германија.
Тема на разговорот е иранското производство на високо-збогатен ураниум што западните држави стравуваат дека може да се употреби за правење на нуклеарна бомба. Иран вели дека нуклеарната програма е развиена за мирољубиви цели.
Разговорите се држат во обезбедената Зелена зона во Багдад. Средбата во среда е втора по продолжението на разговорите во април по повеќе од една година одложување. Среде зголемените надежи за прогрес, дипломатите очекуваат разговорите да се одвиваат и утре, за ден што не е планиран.
Саед Џалили, водечкиот ирански преговарач, е цитиран од ирански новински агенции како вели дека се надева разговорите да започнат „нова ера“.
„Имаме чувство дека Запад сфаќа оти времето за користење стратегија на притисок заврши“, кажа Џалили, според новинските агенции Фарс и Мер.
Но некои западни нации и Израел се плашат дека Иран може да ги користи разговорите како тактика на купување време.