Линкови за пристапност

Палестинските милитанти ветуваат напади како протест на мировните разговори


Палестинските милитанти ветуваат напади како протест на мировните разговори
Палестинските милитанти ветуваат напади како протест на мировните разговори

Mилитантни групи се здружиле за да лансираат поефикасни напади против Израел, вели портпаролот на Хамас.

Палестинските милитанти ги отфрлија неодамна рестартираните мировни разговори со Израел, и ветија дека ќе продолжат со нападите на Израелците.

Портпарол на оруженото крило на исламистичката група Хамас, што го контролира појасот Газа, вели дека 13 милитантни групи се здружиле за да лансираат поефикасни напади против Израел, вклучувајќи и самоубиствени бомбашки напади.

Оруженото крило на Хамас ја презеде одговорноста за двата напади од неделава на еврејски доселеници на Западниот брег.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас се сретна со израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху во Вашингтон во четвртокот за први директни мировни разговори на двете страни за последниве речиси две години.

Тие се согласија да направат рамка за траен мировен договор и да одржат втора рунда на директни разговори подоцна месецов.

XS
SM
MD
LG