Талибанците го убиле високиот лидер на Исламската држава Хорасан кој стои зад самоубиствениот бомбашки напад во август 2021 година пред аеродромот во Кабул, во кој загинаа 13 американски војници и околу 170 Авганистанци.
Ова е според таткото на еден маринец убиен во нападот, кој денес бил информиран од воените претставници.
Војската на САД во текот на викендов почна да ги информира семејствата на 11-те американски маринци, морнарот и војникот загинати во експлозијата за време на хаотичното повлекување на САД од Авганистан.
Сведочењето на семејствата за Асошиетед прес го потврдија тројца високи американски функционери и висок помошник во Конгресот.
Извор: АП