Линкови за пристапност

Талибанците бараат од новинарите да се регистрираат за да го потврдат идентитетот


Kартичкиte за идентификација што им се издаваат на новинарите ќе имаат баркод поврзан со веб-страницата на Министерството за информации и култура, во кој ќе се чуваат фотографиите, имињата, припадноста и информациите за контакт на новинарите
Kартичкиte за идентификација што им се издаваат на новинарите ќе имаат баркод поврзан со веб-страницата на Министерството за информации и култура, во кој ќе се чуваат фотографиите, имињата, припадноста и информациите за контакт на новинарите

Новинарите во Авганистан се соочуваат со нов услов од Министерството за информации и култура на талибанците кои бараат од нив да се регистрираат и да добијат легитимации за да го потврдат својот идентитет и професионалната припадност.

„Го започнавме процесот во Кабул во средата и ги информиравме покраинските власти да го сторат истото“, изјави за Гласот на Америка Абдул Вахид Рајан, директор за следење на медиумите на Министерството за информации и култура.

Kартичкиte за идентификација што им се издаваат на новинарите ќе имаат баркод поврзан со веб-страницата на Министерството за информации и култура, во кој ќе се чуваат фотографиите, имињата, припадноста и информациите за контакт на новинарите.

Доделени бесплатно, беџовите ќе вклучуваат и контакт број за итни случаи што ќе го користат новинарите кога ќе наидат на безбедносни закани или тешкотии при извршувањето на нивните новинарски должности.

Талибанците воведоа ограничувања врз основа на пол за новинарките и медиумскиот персонал, но Рајан рече дека и новинарките ќе бидат регистрирани и ќе им бидат дадени лични карти.

„Досега ниту една новинарка не се пријавила, но доколку дојдат ќе ги регистрираме и ќе им дадеме и лични карти“.

Претставници на две организации за поддршка на слободни медиуми изјавија за Гласот на Америка дека Министерството за информации и култура не ги консултирал во врска со барањето за регистрација и изразиле загриженост за основните мотиви на талибанците.

„Не знаеме зошто [талибанците] сакаат да го направат тоа и кои се нивните вистински намери“, рече Абдул Кадим Вајар, претседател на Комитетот за безбедност на авганистанските новинари.

„Сметаме дека идентификациските карти од медиумските организации се доволни и нема потреба да има дополнителни лични карти од талибанците“, рече Сумаја Вализада, портпарол на Центарот за авганистански новинари.

Повторувајќи ја загриженоста искажана од организациите за поддршка на авганистанските медиуми, Комитетот за заштита на новинарите рече дека потегот на талибанците се чини дека наметнува дополнителна контрола врз печатот.

„Тоа е крајно алармантно“, изјави за Гласот на Америка Бех Лих Ји, програмски координатор на Комитетот за заштита на новинарите за Азија.

„Министерството за информации и култура на tалибанците се обидува да го прикаже барањето за регистрација како начин за заштита и поддршка на новинарите“, рече Бех.

„Но, тоа е последниот потег за заострување на контролата и надзорот на новинарите и ограничување на секое слободно и независно известување во Авганистан“.

XS
SM
MD
LG