Линкови за пристапност

САД: Разговорите со Талебан сепак ќе започнат


Американскиот Стејт департмент вели дека очекува предложените директни разговори со Талибан да се случат во Доха, во наредните денови.

Разговорите во Доха требаше да започнат во четврток, со дискусии кои ќе инволвираат делегати од Талибан и високи американски претставници. Но авганистанскиот претседател Хамид Карзаи, очигледно незадоволен што Талибан отвори политичка канцеларија во тој град, кажа дека неговата влада нема да ги поддржи разговорите.
XS
SM
MD
LG