Линкови за пристапност

САД во напор за спасување на авганистанските мировни разговори


Врвните американски дипломати се обидуваат да ги спасат плановите за мировни разговори со Талибан по силните приговори од авганистанската влада.

Портпаролката на Стејт департментот Џен Псаки кажа дека Државниот секретар Џон Кери два пати зборувал со авганистанскиот претседател Хамид Карзаи со цел да се намалат тензиите. Прелиминарните преговори меѓу САД и Талибан се очекуваше да започнат во четврток во Доха, Катар, но сега почетокот е нејасен.

Карзаи, изиритиран од отворањето на политичка канцеларија на Талибан неделава во Доха, ги откажал разговорите со Вашингтон за пакт во врска со раководењето на американското присуство во земјата откако НАТО силите ќе се повлечат во 2014.

Незадоволството на Карзаи се чини дека е фокусирано на начинот на кој Талибан ја претставил канцеларијата во Доха, со знак идентификувајќи го објектот како „Канцеларија на исламскиот емират на Авганистан“. Псаки на новинарите им кажа дека Министерството за надворешни работи на Катар од тогаш интервенирало и името е променето во „Политичка канцеларија на авганистански Талибан“.

Кабул исто така кажа дека американската одлука да се сретне со милитантите на формален состанок надвор од Авганистан ја поткопува улогата на авганистанската влада.
XS
SM
MD
LG