Линкови за пристапност

Талибанците предупредија на масовен егзодус од Авганистан ако САД не одмрзнат над девет милијарди долари


Министерот за надворешни работи Амир Хан Мутаки напиша писмо до Конгресот велејќи дека санкциите предизвикале хаос со трговијата, бизнисот и хуманитарната помош за милиони Авганистанци

Министерот за надворешни работи на талибанците Амир Хан Мутаки, напиша писмо до Конгресот на САД, во кое предупреди на масовна миграција од Авганистан доколку САД не одмрзнат над девет милијарди долари во Авганистанската централна банка, и стават крај на други финансиски санкции кон државата.

Мутаки напиша дека санкциите „не само што предизвикале хаос“ со трговијата и бизнисот, туку и со хуманитарната помош за милиони очајни Авганистанци.

Неговата канцеларија во Кабул го објави писмото на неколку јазици, меѓу кои и на англиски.

Мутаки вели дека неговата Влада успеала да донесе политичка стабилност и безбедност во Авганистан откако дошла на власт во август, но, оти зголемените економски проблеми ја влошуваат хуманитарната криза.

„Во моментов, суштински проблем за нашиот народ е финансиската безбедност“, вели тој, додавајќи дека ако „моменталната ситуација преовлада, Авганистанската влада и граѓани ќе се соочат со проблеми што ќе бидат причина за масовна миграција во регионот и светот“.

„Барам Владата на САД да преземе одговорни чекори за да се отворат вратите за идна реалција, да се одмрзнат финансиите во Авганистанската централна банка и да се отстранат санкциите кон нашите банки“, рече Мутаки.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG