Државниот секретар на САД Ентони Блинкен зборувал со кинескиот државен советник и министер за надворешни работи Ванг Ји за развојот на ситуацијата во Авганистан.
Стејт департментот соопшти дека разговарале за безбедносната ситуација и напорите на двете држави да ги заштитат нивните граѓани.
„Кина одржува контакт и комуникација со Талибан во Авганистан на база на целосно почитување на авганистанскиот суверенитет и волја на сите страни во државата, и има конструктивна улога во барање политичко решение за авганистанскиот проблем“, изјави Кинеското министерство за надворешни работи.
САД, заедно со Кина, Русија и Пакистан, заеднички изјавија дека не поддржуваат насилно формирање влада од каков било вид во Авганистан.
Некои регионални набљудувачи велат дека е во интерес и на Вашингтон и на Пекинг да се постигне политичко мирно решение во Авганистан.
Тие велат дека било ретко САД и Кина да работат релативно одблизу изминатава деценција, како што продолжува ривалски однос меѓу двете држави.
Facebook Forum