Линкови за пристапност

Талибан влезе во Кабул - чека трансфер на власта


Во рок од девет дена Талибан ја презеде контролата врз речиси сите поголеми градови во Авганистан.

Талибан стигна во авганистанскиот главен град Кабул, и вели дека чека на мирно предавање на власта.

Извори од Талибан за Гласот на Америка изјавиле дека оставката на авганистанскиот претседател Ашраф Гани била прифатена за време на разговорите во Кабул. Според нив, водачи и старешини од Авганистан ќе отпатуваат во Доха, каде што ќе се случи трансферот на власта. Канцеларијата на Гани не коментираше.

Претходно во неделата, Талибанците го зазедоа Џалалабад, главниот град на провинцијата Нангархар и последниот голем град, без главниот град кој бил под контрола на владата.

Различни извештаи велат дека безбедносните сили се повлекуваат и од другите области на провинцијата Нангархар, која се граничи со Пакистан и има еден од клучните гранични премини кон Пакистан преку Торхем.

Исто така во неделата, портпаролот на талибанците Забихула Муџахид рече дека нивните борци ја презеле контролата врз воздушната база Баграм и тамошниот затвор и ги ослободиле своите затвореници. Во Баграм, што служеше како главна база за странската воена мисија предводена од САД во Авганиста, имаше талибански затвореници од висок профил.

Брзината на талибанската офанзива ги шокираше локалните жители и меѓународната заедница. Иако насилството во земјата е високо од 2020 година, откако Талибанците потпишаа договор со Соединетите држави, најновата кампања против авганистанските градови беше неочекувано брза.

Победите на Талибанците започнаа со главниот град на провинцијата Нимруз на 6 август, а девет дена подоцна го опколија Кабул од сите страни.

Авганистанскиот претседател Гани, во снимена порака во саботата, ѝ порача на нацијата дека се консултира со национални и меѓународни играчи за ситуацијата што ја нарече „наметната војна“.

„Во сегашното сценарио, нашиот врвен приоритет е да ги ревитализираме авганистанските сили за безбедност и одбрана“, рече тој.

Пристигнувањето на Талибанците пред портите на Кабул, ги натера амбасадите набрзина да организираат извлекување на својот персонал.

САД испраќаат 1.000 војници, покрај 3.000 војници на кои им беше наредено да заминат минатата недела, за да помогнат во евакуацијата на персоналот на американската амбасада. Наводно, хеликоптерите превезуваат персонал до аеродромот во Кабул.

„Ние им пренесовме на талибанските претставници во Доха, преку нашиот борбен командант, дека секоја акција од нивна страна на теренот во Авганистан, што го става американскиот персонал или нашата мисија во опасност таму, ќе биде соочена со брз и силен американски воен одговор “, Рече американскиот претседател о Бајден, според соопштението на Белата куќа.

XS
SM
MD
LG