Американскиот мировен преговарач во Авганистан Залмеј Калилзад, денес е во посета на Пакистан, откако вчера ги суспендираше мировните преговори со Талибан во Катар, како реакција на нападот на најголемата воена база на САД во Авганистан.
Калилзад се сретна со министерот за надворешни работи Шах Мехмуд Куреши во Исламабад, каде го брифираше за разговорите меѓу САД и Талибан во Доха.
“Се надеваме дека преговорите меѓу САД и Талибан ќе продолжат брзо“, изјавил Куреши.
Тој ја потврдил заложбата на Пакистан да ја продолжи посредничката улога во мировниот процес во Авганистан, нагласувајќи повторно дека конфликтот во соседната држава не може да има воено решение.
Facebook Forum